По повод доаѓањето на Еврокомесарот за проширување и надворешна политика на Европската Унија Јоханес Хан, граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” во вторник (21 март) ги организира најмасовните граѓански собири до сега.
“Јасно гласно и недвосмислено, сите заедно граѓаните на Македонија пред комесарот на Европската Унија Јоханес Хан да кажеме НЕ за влада која ќе работи според тиранската платформа, НЕ за рушење на унитарноста на државата, сите заедно да ги претставиме нашите црвено-жолти линии. Кога ако не сега?”, стои во јавниот повик на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”.
A.Г.