Планинарското спортско здружение „Козјак“ од Прилеп, на 05 април 2026 година (недела), организира голем планинарски настан под мотото „СИТЕ ВО ПРИРОДА“, со поддршка од Општина Прилеп – Локална самоуправа и во соработка со основните и средните општински училишта.
Настанот претставува одлична можност за учениците, наставниците и сите граѓани да излезат во природа, да се дружат, да пешачат и да уживаат во убавините на прилепскиот регион.
Целта на настанот е да се поттикне љубовта кон природата, здравиот начин на живот и заедништвото, особено кај младите.
Основни информации
- Собир: 08:00 – 08:30 часот
- Почетна точка: ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
Податоци за турата
- Рута:
ООУ „Гоце Делчев“ – Топташ – карпа „Момата“ – манастир „Св. Димитрија“ (с. Селце) – Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Должина: 10 км
- Тежина: лесна (погодна за сите возрасти)
Дополнително
За сите учесници е обезбеден ручек – традиционално планинарско гравче, кој ќе се служи во манастирот „Св. Димитрија“ во с. Селце.
Организаторите апелираат учесниците да се подготват со соодветна планинарска опрема и добро расположение.
Контакт за информации
- 075 371 848 – Христијан Секулоски
- 075 983 711 – Михајло Топчиоски
- 075 258 754 – Спасика Димкоска
- 071 226 870 – Бранислав Попоски
- 076 507 035 – Борче Мирчески
- 078 544 253 – Кире Тошески
























