Синоќа голеада во Прилеп – Скопјани “нагостени” со 8 парчиња

Фудбалските вљубеници во Прилеп синоќа уживаа во вистинска голеада. Во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, Победа стигна до вториот триумф во Втората футсал лига, совладувајќи ги со 8:2 гостите Балкан од Скопје.

Една прекрасна атмосфера, полна трибина со навивачи, а фудбалерите на новоформираниот прилепски футсал клуб сето тоа го наградија со одлична игра и убедлив триумф.

За прилепчни Виктор Тошески постигна 4 погодоци, а го следеа Стефан Спиркоски со 2 и Борче Макешоски и Борче Сркески со по еден погодок.

Во следното коло Победа гостува кај Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.