Синоќа во Ликовна Галерија од ЦК”Марко Цепенков”во Прилеп беше отворена изложбата “Украс” од ликовната уметница Марјана Костојчиноска Узунчева, која отвора низа актуелни прашања во врска сo позицијата и третманот на жената денес и родовата (не)еднаквост, посебно во конзервативни и патријархални општества.
Инсталацијата се состои од навидум секојдневни предмети кои претставуваат своевиден визуелен код, како дел од нашето етнолошко богатство и културна традиција, но групирани и транспонирани на овој начин и во овој контекст се лишени од баналност и добиваат сосема поинаква, поширока димензија.
-Плетеници кои висат, килими, вазни…се само дел од предметите претставени на изложбата-инсталација, со кои се пренесува визијата на уметницата, која говори за традицијата преку сопствен современ уметнички израз, рече м-р Каролина Мицевска,на отворањето на изложбата.
На изложбата жените членки на Здружението Преродба плетеа, вклопувајќи се амбиентот на самиот проект..
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.