Во ликовната галерија во рамките на годишната програма на ЦК „Марко Цепенков“, синоќа беше отворена изложбата на дела од Тања Таневска. На отворањето присуствуваше и градоначалникот Марјан Ристески, кој на уметничката и посака плодно и успешно творештво. Тој заедно со другите љубители на уметноста имаше можност да се запознае со делата на Таневска, чиј интерес е насочен кон полето во реконструкција на минливоста на материјалите кои ги избира и ги преточува во една нова сопствена возбудлива приказна за взаемноста на музиката и ликовната уметност и нивната поврзаност во техниката на колажот .
Веднаш по тоа градоначалникот Ристески присуствуваше на концертот на КУД „Моминок“ и го проследи настапот на играорците кои го пренесоа македонскиот фолклор и традиција. На концертот настапија и гостите КУД „Братство Војковишќи“ од Сараево, Јорданка Смилеска, Софија Кочоска и Ордан Ристески.