Синоќа во Прилеп беше отворена изложбата на театарски фотографии “75 за 75” од Каролина Мицевска

Синоќа во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата “75 за 75” на театарски фотографии, со кои се одбележуваат 75 години од постоењето на театарот “Војдан Чернодрински”.

Изложбата, авторски проект на м-р Каролина Мицевска, која предизвика голем интерес, ја отвори проф.д-р Ана Стојаноска, потенцирајќи го големото историско значење на изложбата.

-75 за 75 е исклучително важен момент и за историјата на прилепскиот театар, но и за историјата на македонскиот театар. Авторката на проектот м- р Каролина Мицевска направила внимателно сведоштво за феноменот театар во Прилеп. Театарот е уметност на мигот и затоа треба да остане зачувана во вакви изложби на фотографии -рече Стојаноска.

Презентирани се 75 фотографии од театарски претстави од 1950 до 2024 година. Направен е избор на фотографии од претстави кои оставиле белег во театарот “Војдан Чернодрински”, претстави кои биле наградени и најгледани.

Изложбата, која предизвика голем интерес во јавноста, е поддржана од Министерството за култура и туризам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.