Синот на Доналд Tpaмп ги вooдyшеви Амepиканците со свojoт нacтап: Му ја пpeдвидyвaaт и Белата кyќа (Видео)

Првата вечер на републиканска конвенција, најстариот син на претседателот Доналд Трамп , Џуниор го привлече вниманието на нацијата.

„Политиката на Трамп беше како ракетно гориво за економијата“, рече Трамп Џуниор за време на својот говор, фалејќи го раководството на неговиот татко. Но, неговите најмоќни реченици не беа за претседателот, туку беа насочени против Џо Бајден, демократскиот кандидат за претседател, пишува ВВС.

„Радикалните левичарски политики на Бајден ќе го стопираат нашето економско закрепнување“, рече Трамп, предупредувајќи ги конзервативците дека демократите ќе го намалат економскиот напредок што луѓето го постигнале со неговиот татко во Белата куќа.

„Бајден вети дека ќе извади пари од џебот и ќе ја сузбие корупцијата. Тоа има смисла, со оглед дека Џо Бајден е всушност монструм од Лох Нес кој демне веќе половина век“, рече Трамп.

Поддржувачите велат дека Доналд Трамп Џуниор како постојан застапник на платформата на неговиот татко , може да ја наелектризира атмосферата, додека неговите противници веруваат дека тој само додава бензин на оган. Неговите говори се испреплетени со отворени напади врз либералите, Хантер Бајден, синот на Џо Бајден и медиумите.

Жесток говорник, спортист и ловец, Трамп Џуниор, прави сè што може за неговиот татко да биде избран. Републиканската стратегија е насочена кон охрабрување на приврзаниците на претседателот, додека Трамп Џуниор се смета за ас во ракавот, посочува Би-Би-Си.

Тој има необична врска со приврзаниците на претседателот, од кои многумина живеат во руралните делови на Америка и исто така сакаат лов.

„Тој се смета за врска со базата на Трамп“, објаснува Рон Бонџан, републикански стратег со врски во Белата куќа.

„Луѓето го сакаат неговиот стил“, рече Мајкл Кукелман, лидер на Републиканската партија во Канзас, кој е на конгресот во Шарлот.

Многумина од базата на претседателот го сакаат начинот на кој Трамп Џуниор понекогаш оди предалеку дури и од неговиот татко, поддржувајќи ги, на пример, напорите на индустријата за оружје да ги укине ограничувањата на придушувачите. Тој е обожуван и за неговата смелост и поврзаност со шарени ликови.

Минатата година, тој се појави на митингот „Градиме ѕид“, кој имаше за цел да собере пари за ѕид на границата со Мексико. Основачите на оваа група неодамна беа обвинети дека ги измамиле донаторите.

Во својата улога како менаџер на кампањата, Трамп Џуниор често се појавува опкружен со натписи со името на неговиот татко. Во тие моменти, неговата улога изгледа предодредена. Кога имате исто име како вашиот татко, природно е да ја преземете улогата на водач. Иако некои мажи би биле незадоволни од ова, тој добро работи во сенката на неговиот татко. Меѓу конзервативците, тој се третира како рок-sвезда.

Лоренс Леви, декан на Националниот центар за истражувања на универзитетот Хофстра, вели дека Трамп Џуниор е невообичаено ефикасен застапник на неговиот татко за време на кампањата. И тоа би можело да биде отскочна даска за поважна улога:

„Успешните синови на моќните луѓе учат не само како да живеат, туку и како да напредуваат во она што изгледа како сенка на таткото, кога еден ден ќе исчезнат и тие ќе станат семејни патријарси“.

Во меѓувреме, тој е на многу начини сличен на неговиот татко и предизвикува еднакви поделби како претседателот. И додека поддржувачите на претседателот го фалат, либералите го прават спротивното.

„Производ на непотизам“, вели Кристина Грер, доцент за политички науки на Универзитетот Фордам.

Џон Раиниш, демократски стратег од Њујорк, вели дека се впушта во темните области на сегашниот претседател, опишувајќи го како „помлада и покисела верзија на неговиот татко“ и тврди дека „Доналд Џуниор е бензин на оган“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.