Во новиот проект на серијалот “Црна Вдовица” на Марвел игра македонската актерка Симона Живковска која гради меѓународна кариера по преселбата од Македонија во Велика Британија.
Живковска во сцените од филмот глуми на македонски јазик што е раритет за вакви холивудски “блокбастери” кои заработуваат стотици милиони долари на кино благајните.
“Ни преостанува помалку од еден месец! Едвај чекам да го видите ова!”, пишува Живковска давајќи ја информацијата дека во филмот таа зборува на мајчин јазик – македонски.
Во видеото јасно се слуша дека во хитот во кој главна улога игра една од најплатените холивудски актери Скарлет Јохансон македонската актерка зборува на македонски јазик.
The Widows in action ?
We have less than a month left! I can’t wait for you guys to see this!
(News is also out that I’m speaking my mother tongue – Macedonian) ????#blackwidow #marvel pic.twitter.com/yhGZr0WmDh
— Simona Zivkovska (@simonazivkovska) June 11, 2021