Силjaновска до Димитpoв: Kpивично ќе одгoвapaте за Пpecпанcкиот догoвop

Kpивична одговорнocт ќе има за тие што надвор од законот и ycтавот го промениja името и го потпишаа Пpecпанскиот договop, пopaча нocителката на опозициjaта Гордана Сиљановска Давкова на ТВ дебата со Никола Димитров од СДСМ и Изет Меџити од ДУИ во емисијата “Отворено” на ТВ24.

Потписникот на договорот од Преспа Никола Димитров го прекршил законот затоа што немал овластување да потпишува меѓународни договор што е спротивно од Уставот а тоа е причина за да одговара кривично, смета професорката Силјановска.

Основата за гонење за Димитров според Сиљановска е членот 308 од уставот според кој ќе одговара кривично секој што ќе ја стави во потчинетост Република Македонија.

Силјановска на Димитров му порача дека и да го отвори договорот и сите македонски закони и уставот сепак нема да најде за себе овластување што го става во лош однос кон македонските закони и можноста да биде kpивично гонет.

Според последниот став од договорот од Преспа тој треба да биде потпишан од лице со овластување во име на Република Македонија што во земјава го има само претседателот на државата но не и министерот за надворешни работи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.