Силјановска: Што бидна со животот? Животот дојде само за еден привилегиран слој!

Професорката Гордана Силјановска во гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Отвореното студио, ја коментираше малата посетеност од страна на граѓаните на пропагандните настани организирани од владата во врска со престојниот референдум за промена на името. Таа како главна причина го наведува ветениот ,,живот’’ на СДСМ, односно партискиот слоган кој изминативе година и повеќе не стана реалност во Македонија.

-Сигурно дека после месеци си велат тие чекајте, да видиме што стана со животов? Дали се подобри животот? Е сега тие со беџовите велат, ги убедуваат да гласаат за Европска Македонија, вели Силјановска.

Силјановска заклучи дека животот во Македонија дојде само за еден привилегиран слој на луѓе, а граѓаните секојдневно се сведоци на тоа.

-Животот дојде само за еден привилегиран слој, луѓето тоа го гледаат, истакна таа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.