Силјановска убедливо го победи Пендаровски на анкетите- Трите убедливо добиени дуели се една од причините за тоа

Македонците имаат најголема доверба во кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Најголем дел од Македонците, на претстојните претседателски избори ќе гласаат за професорката, која е кандидат поддржна од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Според најновата анкета на Маркет вижн, спроведена по барање на Пресинг ТВ дури 17.8% од испитаните Македонци ќе гласаат за Силјановска Давкова. За Пендаровски гласот би го дале 12%, а за Блерим Река 0,6%.

Кај Македонците предноста на Силјановска Давкова е приближно 6 проценти, што претставува предност за 50% од поддршката која ја има Пендаровски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.