Професорката Гордана Силјановска Давкова на духовит начин реагира на навредите кои градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги даваше на повеќе луѓе од опозицијата кои ги нарекуваше луди, ненормални, хохштаплери и слично.
“Слушајќи ги и читајќи ги зелените градоначалнички „бисери“, мислам дека на конкурс за „најзелен„ Европски градоначалник, би немале конкуренција! Ако немаме шанси да бидеме зелена Европска престолнина, ама позеленуваме од неговите зелени изјави и навреди тука сигурно победуваме”, пишува Силјановска која на последните претседателски избори го победи својот противкандидат во Скопје.