По повод Денот на жената “8-ми Март”, кандидатката за престседател од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил потсети на бројките на нееднаква родова застапеност на жените во политиката и проблемите со кои се соочуваат во секојдневието.
“Само 18% сопственост на имот; Само 4 / 25 министерки; Само 6 / 80 градоначалнички; Само 8 / 68 именувани функционерки во јавни компании и установи, Само 38 % пратенички во Собранието; Дури 18-19 % родов јаз во плати; Секоја трета жена жртва на насилство; Трипати понеплатен труд. Борбата мора да продолжи!”, напиша Силјановска на Фејсбук.