Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија денес оствари средба со граѓаните на Општина Радовиш.
Пред големиот број на граѓани Силјановска Давкова нагласи дека имаме наследено име и имаме вековна обврска тоа да го пренесеме на идните генерации, додавајќи дека таа лично нема да го употребува новото име Северна Македонија.