Силјановска од Прилеп: “Koга јас учев основно и средно, за Ченто не учевме, не смееме да се срамиме од хероите” (Видео)

Дојдов во Прилеп да положам цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ, всушност првиот претседател на Македонија, Андонов-Ченто. Тоа е моќна симболика, затоа што еден од основните темели на Европа е борбата против фашизмот. Истакна кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова, при денешната посета на Прилеп.

„Ние активно, односно партизаните активно се вклучиле на правата страна, што знали уште оттогаш Европа и Европската Унија биле нешто природно за нас.

Она што тревожи е што кога јас учев основно и средно, за Ченто не учевме. Ние не смееме да си ги забораваме хероите, а не особено првите претседатели на државата, а потоа да се срамиме од тоа, односно да се срамат оние кои ги криеле.

Што се однесува до мене, симболиката би била, ако е тој еден од најпочитуваните, првиот претседател, зошто не би била жена првата претседателка на Република Македонија“, истакна Силјановска Давкова.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.