Кандидатката за Претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова денеска беше на средби со граѓаните од Пехчево и Берово.
“Зборуваат за демократија и процедури а кандидатот го избраа во хотел по што само ќе го потврдат на партискиот конгрес. А предходно објавија оглас на кој се пријавија луѓе кои воопшто немаа шанса да бидат избрани”, истакна Силјановска Давкова.