Актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер со победа ја заврши полусезоната, откако на гостувањето во Прилеп потешко од очекуваното триумфираше со 38:33.
Избраниците на Божидар Мојсов се вратија во второто полувреме, во неколку наврати изедначија и им „покажаа заби“ на гостите и до 55 минута се играше во егал. Сепак, поискусната екипа со мини серија го скрши отпорот на домаќинот во финишот и со победа ја затвори годината.
Кај прилепчани се истакнаа: Денис Шабановиќ со 8 погодици, Никола Цветаноски и Давид Трајкоски со по 6, а еден помалку од нив постигна Владан Кастратович.
За гостите од Битола Павле Петровиќ постигна дури 10 погодици, а Петар Атанасијевиќ 7 пати го наоѓаше патот до мрежата на прилепчани.
Со еден гол од контра во листата на стрелци се запиша и капитенот Велески.
Управата на клубот на чело со Претседателот Мариноски има доволно време да размисли како ќе продолжат во плеј-аут разигрувањето, бидејќи од досегашните настапи на клубот нема некој што е задоволен во градот.