Според Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 5 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје.
Земјотресот беше силно почувствуван и на територијата на Прилеп, при што ги вознемири граѓаните.
Земјотресот е почувствуван и во Србија и Косово.
Новите потреси следат откако утринава во истото епицентрално подрачје беа регистрирани два потреси од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер.