Сигурно не очекувале да најдат собрани дела од Достоевски: Полициjaта yпадна во дискотеки, пронајдена дpoга, се точел алкoxoл на деца

Доцна синоќа по поноќ полицијата во координација со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, спроведе акциска контрола во ноќни клубови на територијата на цела држава.

При контролата, како што соопшти МВР, констатирано е дека во угостителски објект во Неготино, кај М.А.(32) од с.Корешница, демиркаписко, било пронајдено шише со течност и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во угостителски објект во Тетово биле затекнати двајца малолетници при консумирање алкохол, за што против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава. Притоа биле констатирани и 31 прекршок по член 21 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – присуство на малолетници во угостителски објект по 12 часот.

Акциските контроли во угостителските објекти продолжуваат и во наредните денови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.