СЗО сега вели да носиме маски и по дома

Светската здравствена организација (СЗО) излезе со нова препорака за заштита од коронавирусот.

Велат дека луѓето треба да носат маски и дома за да ја спречат зapaзата со кopoнавиpyc кога доаѓаат кај нив гости однадвор, а не можат да одржуваат социјална дистанца.

Маските треба да се носат дома за време на посетата, ако не е јасно дали просторијата е добро проветрена, според новите упатства објавени денеска во Женева.

СЗО претходно бараше носење маски во преполни јавни простори. Здравствената организација на ООН сега препорачува поширока употреба на маски во здравствените установи.

Персоналот и другите работници кои не се вклучени во болничката нега се ставени на списокот на луѓе кои треба постојано да ги покриваат носот и устата. Пациентите треба да носат маски во ситуации кога ќе дојдат во близок контакт со други луѓе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.