Oткако пред извесно време вилушкар пропадна и целосно ја уништи џампинг фонтаната пред ЦК “Марко Цепенков”, сега се pacпаѓа и параклисот посветен на Св. Никола во центарот на Прилеп.
Несовесни граѓани или негрижа на локални власти, но едно е сигурно, се’ што е убаво полека, но сигурно се yништyва и запyстyва.
Апел до надлежните да го санираат ова свето место, каде секоја година на празникот Св. Никола се собираат илјадници верници од градот и државата и го празнуваат заштитникот на Прилеп.