Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев на прес-конференција за медиумите соопшти дека неговата партија ќе настапи самостојно со свои советничките листи на престојните локални избори.
Сепак неговата партија во целост ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, низ сите општини низ државата каде најголемата опозициска партија има свој кандидат со цел да не се направи штета на опозицискиот фронт бидејќи е јасно дека градоначалник се избира со мнозински модел.
-Органите на партијата донесоа одлука за повлекување на веќе утврдените кандидати за градоначалници во 15 општини. Синоќа кога истече крајниот рок Единствена Македонија не ги поднесе утврдените кандидатски листи за градоначалници. Единствена Македонија нема да учествува на локалните избори со градоначалници. Единствена Македонија го слуша гласот на народот и го прифати повикот на ВМРО-ДПМНЕ да поддржат нивните кандидати за градоначалници. Не сакаме да правиме штета со изборот на градоначалници бидејќи познато е дека градоначалниците се избираат со мнозински модел, вели Бачев.
За поддршка за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ повика и претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски.
„Ги молам моите браќаи сестри Роми од РМ за престојните локални избори на 17-10-2021, да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ ги прифати барањата на Ромите во РМ. ТОј што ке ни направи ручек, ние ќе му вратиме со вечера“, порача Демировски.