Не се само властите во Македонија изненадени кога се во прашање врнежите од снег. Се чини изненаденоста на овие простори е како болест која се шири насекаде. Еве и градоначалникот на Белград во Србија се изненадил што во зима заврнало снег.
За неисчистените улици, градоначалникот на Белград, Зоран Радојчиќ, за ТВ “Прва” изјавил дека прогнозата на метеоролозите била нешто поразлична, односно дека се очекувало помалку снег.
“Според сегашната прогноза снег ќе паѓа и денеска, и утре, како и во сабота и недела. Градските служби се константно во четврт степен на подготвеност. Сите служби работата прекувремено и даваат се’ од себе да се ублажи проблемот”, рекол градоначалникот.
“Сите светски градови, кога има олку големи врнежи, функционираат успорено”, додава тој и апелира граѓаните да користат други начини на транспорт, ако можат, за да се растерети сообраќајот.
“Неопходно е да направиме нешто за да функционираме што подобро”, вели за српските медиуми Радојчиќ.