Се чекаа редици за лимонада и колачи: Најслаткиот штанд кој досега сте го виделе – дечиња ги израдуваа прилепчани во паркот кај судот (ФОТО)

Воспитувачите во центарот за деца Royal Kids House од Прилеп, освен знаење од различни области, постојано ги учат најмалите на добрите животни навики и морални вредности, а тоа се: правење добри дела, хуманост и ширење радост и среќа.

Една таква убава активност имаа деновиве во паркот кај судот, каде дечињата со нивните наставнички го поставија досега најубавиот штанд кој сте го виделе.

Се продаваа лимонада и колачи по симбилична цена, а детските насмевки и љубов ги примамија сите минувачи.

-Добрите дела се повеќе од неопходни за денешното брзо живеење. Добрите дела не исполнуваат и инспирираат на секој чекор. Споделувањето љубов и внимание ги прави сите во околината среќни, а нас самите уште посреќни. Довербата и зачетокот кон градење подобро човештво и подобри луѓе започнува од мали нозе. Денес ја разбудивме хуманоста и им дадовме пример на децата. Моралните вредности пред се – напишаа од Royal Kids House на нивната Фејсубк страна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.