Се уредува секое ќоше, никна и македонското знаме: Манастирот Св. Илија Писокал во Кален се подготвува за празникот Св. Константин и Елена (Галерија)

Манастирот Св. Илија Писокал во село Кален, мариовско, се подготвува за празникот Св. Константин и Елена, за кога се очекуваат голем број верници.

За забавата ќе се погрижат група “Плетенка” и фолк пејачот Спасен Силјаноски.

Неуморните раце на иницијативниот одбор од манастирот постојано работат, а во пресрет на празникот тие дополнително го разубавија местото.

Поставено е осветлување во дворот, а направија и големо македонско знаме кое ќе ги пречекува гостите.

Во манастирот се гради и камбанаријата, а се уредува и секое ќоше наоколу.

Луѓето од иницијативниот одбор прават вистински чуда, па од ова светилиште направија пријатно место за одмор, молитва и уживање во живописната природа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.