Во моментот активно се се работи на изградба на минор корито во горниот дел на прилепска река во должина од 400 метри.
„Овој проект е дел од првата фаза на реконструкцијата на канализационата мрежа и во зависност од расположливиите средства ќе се направи речно корито од 400 до 700 метри во горниот дел на реката, посочи Сашо Николоски, директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп.
Градоначалникот Марјан Ристески упати голема благодарност до ЕУ и Владата на РМ за издвоените средства за реализација на овој проект.
„Овој проект чини триста илјади евра, а со реконструкцијата на минор коритото ќе се намали и донесувањето на поголеми количини на талог и на земја од горниот дел на реката кои можат да направат проблеми во градската река, посочи градоначалникот Ристески.
Општина Прилеп преку тендер, има избрано фирма која во моментот работи на средување на долниот дел т.е на потегот од „Димо Наредникот“ до Сточниот пазар во должина од неколку километри и со реализација на наредните фази ќе се добие комплетно уредување на коритото на градската река.