Жителите на градот Сонора во Мексико, кој се граничи со американската држава Аризона, предупредија дека ќе го запрат сообраќајот кон Мексико.
Тие протестираа пред границата со заштитни маски на лицето викајќи “Американци останете дома”.
Мексико има помалку од 1200 регистрирани случаи на Ковид-19, додека во Aмерика до денес има 205.000.
Како што викаат тие, границите треба да бидат затворени за сите, освен за извоз на одредени видови стоки. Исто така, луѓето кои протестираа велат дека Американците кои влегуваат во Мексико не се тестирани и може да го рашират вирусот во државата, пренесува БиБиСи.
Работите се сменија до таа мера што сега веројатно Мексиканците ќе сакаат да се изгради ѕидот на Трамп.