Одама се произведувало ракија и вино, но и безалколни пијалоци во државната фирма “Црвени стени” со визбата на улицата “Ленин” и со магацинот со огромни буриња во близина на катната гаража.
По ослободувањето, Комитетот решил да никне фирма за преработување грозје во вино и ракија и да го пакува. Тешко одел бизнисот со прибирање грозје од приватните лозја.
Впрочем, прилепчани се тутунари, а не и лозари, уште помалку мајстори за вино. Не им е позната енологијата. Планот, сепак, нужно било да се остварува со кавадаречко грозје, кое се преработувале и во ракија и се продавале алкохолни пијалоци во неколку дуќани. А виното, се нудело и на литар, наливно.
Фирмата, видела не видела дека не може да се носи со тиквешките визби, се ориентирала на безалкохолни пијалоци. Првин, по рецептот на познатите газозаџии, Чешларовци и Сугаревци, полнела газоза во шишиња. Потоа го проширила асортиманот со сокови од екстракт од портокал – оранжада.
Во малата конкуренција добро кинисало производството сокови, но и тој бизнис како винарството пропаднал со времето на Пепси.
Извор: “Неделник Зенит”