Во 2010 година светот беше во шок и неверување кога во јавноста беше пласирана вест и фотографии на двегодишно момче кое пуши по 40 цигари на ден. На интернет дури и кружеше видео кое сето тоа јасно го потврди.
На почетокот родителите никако не можеле да го одвикнат од таа зависност. Неговата мајка изјави дека станува лут и агресивен доколку не земе цигара, а бидеќи се сиромашни едвај си го дозволувале и тоа.
Владата на Индонезија вложила средства за рехабилитација на ова момче како би се одвикнало од оваа навика.
Момчето Арди денес се опоравува од оваа зависност но за жал има друга.
До своите 6 години тој се хранел само со брза храна, па следело нагло дебелеење. Денес Арди се опоравува и од оваа зависност.