СЕ САНИРА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ОД КРИВОГАШТАНИ ДО КОРЕНИЦА, ГОДИВЛЕ И ПОДВИС

krivogastani

Денес започнаа активостите за санација на проблематичните точки на патниот правец кој ја поврзува општина Кривогаштани со општина Долнени кој води до населените места Кореница, Годивле и Подвис кои се под капата на општина Кривогаштани. Општината во соработка со ЈП Македонија пат денс започнаа со преземање активности за чистење на попатните канали и вегетација додека на повеќе места ќе се постават канавки и пропусти за водата која се насобира при обилни врнежи на дожд и топење на снегот што предизвикува оштетувања на коловозот и попречување на нормалното одвивање на сообрајќајот. Со тоа ќе се заштити постоечкиот коловоз и ќе се спречи негово понатамошно раскопување од надојдените атмосферските води.

1 2 3




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.