Се роди со најголем јазик на светот и ги шокираше сите- денес изгледа вака (ФОТО)

Родена е со јазик како на возрасен човек и го шокираше целиот свет. Денес, две години подоцна изгледа вака.

Пејсли Морисон Џонсон е родена со два пати поголем јазик од устата и поради тоа во првите две недели од животот постоела опасност од гушење пради него.

Нејзините родители Медисон и Шенон решиле да ја однесат на операција за да ѝ се отстрани дел од јазикот.

Операцијата поминала успешно, но јазикот и понатаму продолжил да расте и да и извира од устата.

Неколку месеци подоцна решено е да оди на втора операција. Тогаш, конечно по 16 месеци, за првпат во животот се насмеала.

Пресреќните родители велат дека малата Пејсли сега може и да јаде.

-Сега е друго бебе и лицето и изгледа поубаво, само се смее, а наскоро ќе почне и да збори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.