СЕ РЕШИ ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО СЛАВЕЈ

PRATENICI SLAVEJ

Жителите на населено месо Славеј веќе децении наназад се соочуваа со огромни проблеми поврзани со земјоделското државно земјиште кое што го обработуваат, но се до денес не беа во можност да добијат документ што ќе можат да го употребат во институциите.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство објави јавен повик за давање под закуп земјоделско земјиште за временски период од 15 години. Подготовките за доставување на документацијата за овој јавен повик ги презентираше Градоначалникот на Општина Кривогаштани Г-дин Тони Заткоски и пратениците Димитар Стевананџија и Ане Лашкоска, кои излегоа во пресрет за прашањата и проблемите на граѓаните во ова населено место. Со овој повик на жителите на населеното место Славеј ќе им се доделат по 10 декари земјоделско земјиште за кое по изработката за елаборатот за истото ќе добијат документ за корисничко право. Граѓаните го поздравија решавањето на овој долгогодишен проблем и се заблагодарија за заложбата за решавањето на истиот како на Општината Кривогаштани така и на Владата на РМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.