“Она што за мене е многу значајно во преговорите со владата успеавме да издејствуваме водоводните претпријатија и оние кои што стопанисуваат со пречистителните станици со канализациите во општините добијат повластена цена на струјата на електричната енергија. Тоа важи овде во општина Прилеп и можам да најавам дека веќе во декември советот тука до мене е и претседателот ќе донесат одлука за враќање на старата цена на водата, она кое што советот и градоначалникот го земаа како обврска овде во Прилеп да откако ќе биде корегирана цената на електричната енергија се врати старата цена за вода на прилепчани”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при неговата посета на Прилеп на почетокот од ноември.
Најавата на Мицкоски вчера се оствари на седницата на Советот на општина Прилеп.
Советниците донесоа одлука со која од 1. декември граѓаните на општина Прилеп, почнувајќи од декемвриската сметка ќе плаќаат иста цена услугите од ЈКП Водовод и канализација, како и претходно.