Се развива градот, но живнуваат и селата: Во битолско Кукуречани ќе се гради спортско игралиште и улици во должина од 2км (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети населеното место Кукуречани, каде наскоро ќе се реализираат два големи проекти значајни за жителите.

Првиот проект се однесува на изградба на мултифункционално игралиште во дворот на основното училиште „Александар Турунџев“, каде денес беше извршен увид од страна на градоначалникот Коњановски и директорот на училиштето, Никола Јовевски. Во досегашниот период, изготвен е основен проект, кој вклучува игралиште за кошарка, ракомет, одбојка и тенис.

Покрај овој проект во фаза на изготвување е и проектна документација за реконструкција на осум краци во должина од 1930 метри.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека со реализација на двата проекти, ќе се подобри патната инфраструктура во Кукуречани, но и ќе се создадат подобри услови за спортски активности на учениците и младите од ова населено место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.