Козак, австралискиот град кој е напуштен веќе 70 години, понуден е на продажба.
Се работи за град кој е оддалечен на западот од Австралија во кој граѓаните работеле во индустријата за бисери, но со текот на времето луѓето го напуштале и заминувале во големите градови.
Индустријата која преработувала бисери ги привлекувала луѓето во минатото, па градот бил основан во 1880-тите, а во 1895 година имал над 1000 работници и 57 бродови за “лов на бисери”.
Во Козак и понатаму доаѓаат туристи, бидејќи се наоѓа на патот кон планинарските стази и плажите. Освен тоа, опкружен е со природен крајбрежен резерват.
Козак има и мрачна историја – во него се направени многу злодела врз домородното население, за време на изградбата на градот.
Белите доселеници ги искористувале домородците, често правејќи ги свои poбови и приморувајќи ги да работат на бродовите за барање на бисери.