Во скопската гимназија “Орце Николов” оваа учебна година се спроведувал квалификационен, приемен испит поради поголемиот број на пријавени ученици со сите петки. Биле тестирани 292 ученици (сите претходно одлични, со просек 5,00).
Тестот по математика носел максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени. Податоците се преземени од колешка Оле, а резултатите оставаат без текст – пишува на својот ФБ профил Божидар Кочоски.
1. Одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76%) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните.
2. Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.
3. Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63%) имаат покажно 133 ученици, односно 45,55% од тестираните.
4. Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39%) имаат покажно 70 ученици, односно 23,97% од тестираните.
5. Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36%од тестираните.
Ако ова е случај за една најдобрите гимназии , каде 75 % од учениците кои имаа просек 5,0 сега имаат најмногу оценка 3 и помалку, што да кажеме за другите.