Катастрофални предвидувања на консултантската куќа „Аликс Партнерс“ дека оваа година продажбата на автомобили ќе падне за 20 милиони под нивото од минатата година, како и дека „преку ноќ е исчезнат пазар со големина на Европа“.
Обновата од кризата ќе трае, според студијата, повеќе години, а последиците од „дарвинизмот“ во оваа индустриска гранка е дека само финансиски силните и иновативни производители и добавувачи ќе го преживеат претстојното „чистење на пазарот“.
Директорот на секторот за автомобилска индустрија Аликс Партнерс, Елмар Кадес во интервју за германската агенција ДПА, изјави дека е можно намалување на бројот на производители на автомобили на до десет, вклучително американскиот производител Тесла меѓу нив.
Германските производители, како што оценува, спаѓаат во групата на производители кои ќе преживеат, иако имаат проблеми со префрлањето на електричен погон и софтвер, но се доволно силни да успеат во тоа.
Укажува и на тоа дека добитката поради инвестиции во нови технологии веќе со години се во опаѓање, а дека корона кризата само го забрзала тој пад.
Автомобилската индустрија, вкупно гледано, оваа година нема да може да оствари добивка, оценува Кадес.
Најавува дека со намалувањето од 21 на 14 милиони продадени возила во Европа е забележан најголемиот пад и дека нивото пред кризата ќе биде постигнато најверојатно дури после пет години.
Извор: “Република.мк”