Се празнува „Рождество на Пресвета Богородица“ во населените места во Прилеп

12

По повод големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“ или Мала Богородица, градоначалникот Марјан Ристески денеска ги посети повеќето цркви во населените места: Мало Коњари, Кадино Село и Штавица.

Мештаните, ја почитуваат долгогодишната традиција и со сите верски обреди го одбележаа овој голем христијански празник.

6

1

2

3

4

5

Градоначалникот Ристески користејќи ја оваа пригода на сите православни граѓани им го честита светиот ден „Рождество на Пресвета Богородица“ посакувајќи им благосостојба и добро здравје. Градоначалникот посочи дека секоја година на овој празник е присутен во населените места и е горд што овој верски празник се празнува во многу населени места како и во црквите во градот.

11

7

8

9

10




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.