Се посла црвен тепих, се чистеше и уредуваше центарот на градот: Прилеп се подготвува за градската слава и заштитникот на градот, Св. Никола (Фото)

Прилеп е подготвен за прослава на градската слава Св. Никола.

Денеска се уредуваше и чистеше централното градско подрачје на плоштадите “Александрија” и “Методија Андонов – Ченто”. Се мора да биде блескаво чисто и уредно за празнувањето на заштитникот на градот.

Чествувањето на градската слава (19.12.2022 година) ќе започне во 08.00 часот со свечена божествена литургија во Црквата Св. Благовештение со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски, г.Петар, а во 12:00 часот пред Параклисот на Св. Никола, во центарот на градот, ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач.

Домаќини на годинашната градска слава се сопствениците на компанијата „Теракота Инижинеринг“ кои за посетителите ќе имаат подготвено посна трпеза, со традиционалните светиниколски сарми, грав и пијалоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.