Се поклонува пред Ченто, а не кажува на која држава бил претседател?

Зарем е толку тешко да се напише Македонија?

-Со полагање цвеќе пред споменикот во центарот на Прилеп, денеска ја одбележавме 119-годишнината од раѓањето на Методија Андонов-Ченто.

Во својата биографија Ченто бележи значајна политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна. Во 1942 година бил интерниран во логорот „Чучулигово“, а по ослободувањето од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно-ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2.Август 1944 година, Ченто бил избран за негов Претседател.

Методија Андонов-Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп, а починал на 24 јули 1957 година. Нека му е вечна славата – напиша Јованоски на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.