Министерството за енергетика од вчера започна со доделување на ваучерите за инвертер клима уреди.
Мерката, како што велат надлежните, е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето. За мерката се избрани апликации на вкупно 6.182 домаќинства, а средствата во висина од 23 до 25 илјади денари ќе бидат обезбедени преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.
Преку програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23.000 денари или 25.000 денари се 4.591 домаќинствo, а преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30.000 денари се 1.591 домаќинство.Вкупниот број на домаќинства кои ќе добијат вредносен ваучер преку двете програми изнесува 6.182 домаќинства.
Она што предизвика огромен револт кај граѓаните се имињата на голем број актуелни и минати функционери, како и стопанственици, кои се најдоа на списоците за добитници на вакви ваучери. Социјалните мрежи овие два дена вријат од критики, а граѓани постојано објавуваат имиња на поединци и семејства, за кои не може да се каже дека навистина имаат потреба од ваква помош од државата.
Меѓу оние кои добиле ваучер од Прилеп е АЛЕКСАНДАР АЛЕКСОСКИ од Прилеп. Засега не е познато дали станува збор за новиот Генерален директор на Тутунскиот Комбинат и се’ уште актуелен советник во Советот на општина Прилеп, но не би му штетел и нов инвертер на 2.000 евра плата.
Инаку списоците на сите добитници на ваучери можете да ги погледнете ТУКА