Пингпонгарскиот клуб Младост 96 активен е на повеќе полина. Во периодот на преодниот рок кој траеше од 15-25 февруари, клубот се засили со неколку играчи во женската екипа.
Имено во клубот пристапија Софија Хасану и Емилија Маркоска кои преминаа од ППК Крушево. Софија Хасану е една од најперспективните играчи во Македонија во женска конкуренција.
Како големо засилување за натпреварите од лигата клубот ја доведе Шега Хасану, една од најдобрите играчи од Косово. Со тоа тимот на Младост96 ќе биде тешка пречка за сите останати екипи.
Машката екипа на Младост96 останува со истата екипа како и во есенскиот дел на првенството, каде е на делба на првото место со екипата на Телеком Нец, со по еден пораз, и девет победи. Целта на екипата е да се врати шампионскиот трофеј во Прилеп.
На 11-12 февруари во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, ППК Младост96 е организатор на вториот Меморијален меѓународен турнир “Илија Карески”. Подготовките се одвиваат според планот, a на турнирот се очекува да се натпреваруваат околу 150 учесници од 8 држави.
Изминатиот викенд во Врање-Србија учествуваа тројца играчи од младите категории на меѓународен турнир. Трајче Маркоски во силна конкуренција го освои 3-то место и бронзениот медал. Во 1/4 финале се пласира Мартин Ристески и Давид Јоноски.
Пролетната сезона почнува на 18-19 февруари со Телеком Мастерсите во млади категории, каде Прилеп ќе биди домаќин на тие турнири.
Супер лигата во машка и женска конкуренција започнува на 5. март, каде машката екипа ќе игра со ППК Крива Паланка, додека женската екипа игра со екипата на Шампиони ФА и Берово.