СЕ ПОДГОТВУВА БОМБА? Роналдо се сели во Париз, во спротивен правец оди Нејмар

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, би можел наскоро да стане играч на Париз Сен Жермен, пренесува “Сапо Деспорто”.

Aгентот на фудбалерот, Жорж Мендеш, пристигнал во Париз за да ги отпочне преговорите во врска со преминот на неговиот клиент во редовите на францускиот шампион.

Да се потсетиме, Роналдо после финалето со Ливерпул изјави дека му било убаво во Мадрид, но подоцна по враќањето во Шпанија ја исправи својата изјава дека јавноста прва ќе дознае доколу сака да го напушти кралскиот клуб.

Порталот “Гол” пренесе дека изоставувањето на фотографиите на Роналдо нема врска со неговото заминување, туку дека се работи за почитување на договорот со спонзорите. Се пишува дека подготовката и фотографирањето за претставување на дресовите кое се случи на 21 април, било во момент кога Роналдо бил зафатен. Тој е под строг и многу скап договор со “Најк”, а компанијата која го снабдува Реал Мадрид со опрема е “Aдидас”, па понекогаш доаѓа до компликации кога клубот го користи Роналдо за свој маркетинг.

 

Но, изгледа дека тоа било само увод кон тоа што не очекува.

Португалецот не се појави и на вчерашната промоција на новите дресови за наредната сезона, па “Сапо Деспорто” вади логичен заклучок дека Кристијано бара нов предизвик.

Во спротивен правец би требало да замине Нејмар, кој во Шпанија беше еден од главните актери во Барселона.

Управата на ПСЖ наводно не е задоволна од резултатите на Бразилецот, па одлучиле да донесат поголема ѕвезда, а од Роналдо не може подобро.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.