Синоќа „падна“ седумка на Лотото, која на среќниот добитник му носи рекордни 669 илјади евра.
„Добивка со 7 погодоци во 50 коло 2021.Уплатенa во ЈМБ КОМПАНИ Визбегово, Скопје. Износ на добивка: 41,163,771.60 ден.“, стои во објавата на Фејсбук на Државната лотарија.
Добитната комбинација ја донесоа извлечените броеви 1,20,24,25,31,32 и 34.
Инаку, во вечерашното коло на Лото 7, освен седумката, имаше и две шестки кои на оние кои ги уплатија ливчињата ќе им донесат 169.000 денари (околу 2.700 евра).