Манастирот Св. Илија Писокал кај мариовско село Кален, блеска од убавина во пресрет на манастирската слава за празникот Св. Елена и Константин.
Во четврток спроти празникот ќе има вечерна литургија со почеток од 18:30ч., а со почеток од 20:00ч, празничната атмосфера ќе биде збогатена со настап на Анета Мицеска од групата “Молика”, заедно со бендот oд Прилеп “Форум”.
Управата и домаќините очекуваат да ги срушат сите рекорди оваа година и манастирот да биде посетен од неколку илјади верници и гости.
Манастирските порти ќе бидат отворени за секој добронамерник.
Одбележувањето на празникот ќе продолжи и наредниот ден, најпрво со утринска литургија со почеток од 07:30ч, а потоа одново со жива музика.