Деновиве на Попова Шапка наврнаа дури 30 сантиметри снег, а услови за провејување на снег може да се очекува и понатаму поради тоа што и понатаму иако со намален интензитет, сепак остануваме под влијание на циклонот Кристијан, информира метеорологот Славчо Попоски.
Нешто постабилен ден очекуваме во текот на утрешниот ден но во попладневните часови има услови за локален краткотраен дожд, повеќе услови за врнежи повторно ќе има во четврток кога ќе има услови и за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Релативно свежо ќе биде во четврток кога и температурите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
На планинските места повторно ќе има услови за нови врнежи од снег, од утре ќе започне да дува и умерен ветер од северен и од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.
Поради разведрувањето утрешното утро ќе биде значително постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени па така на некои места (особено на повисоките) ќе има услови и за појава на мраз.