Утрово започна отстранувањето на платформите и урбаната опрема на најатрактивните плажи на Охридското крајбрежје, меѓу кои и популарната платформа на “Куба либре”.
Платформата се отстранувала под полициско обезбедување, но без проблеми. Од “Kуба либре” на ФБ се заблагодарија на сите кои изминатите години биле заедно со нив.
Акцијата уследи по најавата на локалната самоуправа дека ќе бидат отстранети сите објекти од плажите каде се истечени договорите за концесија, како и дека нема да се дозволи нивна работа, соп цел да се воспостави ред на крајбрежјето.