Се откажа од градоначалничката плата, Прилеп би заштедил 75.000 евра со овој потег

Независниот кандидат за градоначалник на општина Прилеп, Борче Чупетрески, денеска јавно објави писмена изјава заверена кај нотар, со која официјално се откажува од платата и сите надоместоци што законски му следуваат доколку ја извршува функцијата градоначалник.

„Мене со пари не ме купувате. Во животот сум имал и премногу и премалку, но секогаш сум имал достоинство и чест. Како човек на морал и принципи, изјавувам дека нема да работам за народни пари. Истите ќе ги донирам во хуманитарни цели – за општествено добро,“ стои во изјавата на Чупетрески.

Тој ги повика и останатите кандидати за градоначалници да го следат неговиот пример и да се откажат од платите доколку искрено им е целта да му служат на народот, а не на личниот интерес.

„Воедно ги повикувам и прилепските пратеници во Собранието да се откажат од своите плати, патни трошоци и додатоци – за доброто на граѓаните и на оние на кои им е навистина неопходна финансиска помош,“ додава Чупетрески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.