Се отвора најголемиот тунел во светот

Во Швајцарија ќе биде отворен најдолгиот тунел во светот наречен Готар, кој ќе поминува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзе централниот кантон Ури со јужниот дел на земјата.

 

Gotthardbasistunnel, Graubuenden, Schweiz, Bilfinger Berger, Tunnelbau Betonierte Tunnelroehren vor dem Innenausbau noerdlich der Multifunktionsstelle im Gotthardbasistunnel in Sedrun. Tunnel tubes before the interior fittings north the multi-functional point in the Gotthard basis tunnel in Sedrun. (c) 2010 Frank Schultze / Zeitenspiegel

 

Тунелот долг 57 километри, чинел околу 12 милијарди швајцарски франци, а изграден е од 2.400 работници и свечено ќе биде отворен во среда.

Сега патувањето со воз од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути.

Тунелот Готар така ќе го надмине јапонскиот тунел Сеикан кој со 53,9 километри досега беше најдолгиот во светот.

Официјално отворање на тунелот е планирано на 1 јуни, а освен швајцарски официјални лица ќе присуства и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, канцеларката на Германија Ангела Меркел и премиерот на Италија Матео Ренци.

Целосната употреба на тунелот ќе почне во декември оваа година.

Идејата за изградба на овој тунел е дадена од швајцарскиот инженер, Карл Едуард Грунер во 1947 година. За да биде тунелот изграден, ископани се повеќе од 28 милиони тони карпи.

Изградбата официјално почна во 1999 годна, но имаше многу бирократски и финансиски проблеми, поради загриженост за одржливоста на проектот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.