Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека неговата поранешна сопруга и мајка на неговите деца ненадејно починала на 56. годишна возраст.
Ксенија 30 години работеше во новинарството, започнала на ТВ СТУДИО Б, а во изминатите неколку години работеше во ТВ ПИНК.
Веста за нејзиното заминување ја објави српскиот претседател Вучиќ.
Вечерва во Белград, ненадејно, на 56 години почина Ксенија Вучиќ, мајката на нашите две деца, Данило и Милица, и моја прва сопруга.
За местото и датумот на погребот дополнително ќе ги известиме фамилијата и пријателите.